Пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола – благодарност до сите кои помогнаа при справување то огнената стихија

Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на општина Прилеп, денес повторно заседаваше, а истиот беше предводен од градоначалникот Борче Јовчески како Командант на Општинскиот Штаб за заштита и спасување.

На овој општински штаб за заштита и спасување присуствуваа претставници од ТППЕ Прилеп, ДЗС,  ЦУК, МВР, АРМ, Национални шуми, претставници од јавните претпријатија во општина Прилеп и според информациите кои беа пренесени од страна на гореспоменатите лица, пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола.

Градоначалникот Борче Јовчески- Командант на Општинскиот Штаб за заштита и спасување заедно со Ирена Стерјовска Локвенец, Претседател на Советот на Општина Прилеп, а воедно и началник на Општинскиот Штаб за заштита и спасување на ЕЛС Прилеп упатуваат огромна благодарност најпрво до сите поединци кои на терен беспоштедно се бореа со пламените јазици, до целата логистичка поддршка од институциите, до сите општествено-одговорни компании кои помогнаа донирајќи храна, вода и други средства кои беа неопходни во целиот процес.

Ја користиме оваа прилика да упатиме апел до сите граѓани да бидат претпазливи и да се однесуваат одговорно за во иднина Прилеп да не биде доведен во ваква ситуација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи