Јаневска: Од јануари ќе се воведуваат асистенти за децета со попреченост во средно образование

Facebook
Twitter
Email
Print

Mинистерката за образование Весна Јаневска најави дека се подготвуваат новини во новите закони за основно, средно и средно стручно образование, а една од нив е што ќе се обезбедат асистенти и за средно училиште, нешто што досега го немаше.

„Законот многу скоро ќе биде ставен на расправа, потоа има процедура да помине на Влада, да се поднесе во Собрание. Многу скоро ќе биде ставен, сите ќе може да го видат и да дадат сугестии и забелешки и најрано што очекувам е тие да почнат со работа во јануари 2025“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.

Меѓу новините во законите е што се дава можност асистентот да го следи ученикот за време на целото образование, освен ако не престане потребата, ако асистентот си замине или на инсистирање на родителите, ако сметаат дека може да постигне успех со друг асистент.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи