Кривична за прилепчанец кој ги оштетил ЈП „Национални шуми“ за преку 300.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, вработен во ЈП „Национални шуми“, во атар на општина Македонски Брод, несовесно постапувал во своите должности и овластувања, при што дозволил техничко буково дрво нелегално да биде изнесено од шумата, а на пописна листа било внесено во 2021 година и се пренесувало во 2022, 2023 и 2024 година.

На тој начин, пријавениот причинил материјална штета на ЈП „Национални шуми“ за вкупна сума од 310.214 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи