Општина Прилеп доделува 20 стипендии за студенти на Економскиот факултет во Прилеп

Општина Прилеп и оваа година ќе додели 20 стипендии за студентите на Економски факултет Прилеп од Општина Прилеп. Целта е да се покаже општествена одговорност кон младите со цел нивно академско усовршување во општината каде што живеат, како и обезбедување на социјална заштита на социјално ранливи категории на студенти од општина Прилеп.

Крајна цел на доделувањето на стипендиите е придонес на студентите кон општина Прилеп за нејзина афирмација.

Стипендиите ќе се доделуваат на студенти кои ќе се запишат на Економски факултет Прилеп во тековната академска година во прв и втор уписен рок, како редовни студенти и ќе се однесуваат на партиципацијата за студирање за првата академска година.

Вкупниот број на стипендии изнесува 20 стипендии.

По 10 стипендии ќе се доделат на двете категории студенти и тоа:

– стипендии за најдобри студенти и

– стипендии за социјално ранливи категории на студенти.

Право на стипендирање имаат студентите кои што ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се жители на општина Прилеп;
  2. Да се државјани на Република Македонија;
  3. Да се запишале како редовни студенти на прв циклус студии на Економски факултет Прилеп во прв уписен рок.

Стипендиите ќе се доделат врз основа на претходно распишан Јавен повик.

Јавниот повик ќе биде распишан од Општина Прилеп, понеделник (16.09.2024 година) и истиот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Прилеп, на веб-страната на Општина Прилеп и на локалните електронски медиуми во Општина Прилеп.

Јавниот повик ќе трае 5 (пет) денови, не сметајќи го денот на неговото објавување.

Сите услови, критериумите како и постапката за доделување на стипендии за најдобри студенти и за социјално ранливи категории на студенти од Општина Прилеп е утврдена со Правилник за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи