Семејството Мирчески се едни од ретките кои се занимаваат со одгледување на кози во прилепско. Петре Мирчески вели дека козјото млеко е и храна и лек и треба да се конзумира како старите така и од младите, а особено од децата за да имаат здравје и имунитет. Неговиот син Даниел веќе започнал и со нови видови на сирења особено откако го посетил саемот за сирење во Бра, Италија, каде бил заедно со организацијата Slow Food, каде и самиот е член. За тоа колку е квалитетно козјото млеко и како се прави едно од најдобрите козји сирење во Македонија погледнете во видеото. Тие со свој изложбен штанд ќе бидат присутни утре на настанот Млеко 2024 – предизвици во сточарството кој од 10 часот ќе започне на платото кај Градскиот саат во Прилеп, во опрганизацја на Slow Food Prilep.