Дел од тимот на Маркови Точакџии на трката во Маврово Halk velo Green 2024 која се одржа на 08.09.2024 се искачи на пиедесталот и го освои високото второ место како тим кој беше составен од Филип Илиоски, Дејан Дамески и Андријана Анастасоска.
Успехот го зголемува фактот што сите учесници, вклучувајќи ги и професионалците, беа во една иста категорија, што ја направи конкуренцијата навистина тешка.
„На трката имаше околу 200 учесници, од кои голем дел и професионални велосипедисти кои возат за клубови и во таа конкуренција ова како за здружението на Маркови Точакџии, така и за нас поединечно е навистина голем успех, имајќи во предвид дека првенствено ние сме рекреативци“, истакна Филип Илиоски.
Покрај извонредниот екипен пласман, тројцата забележаа и одлични поединечни резултати. Андријана Анастасоска го освои високото второ место во женска конкуренција, додека Филип Илиоски и Дејан Дамески се пласираа на 16, односно 20 место во машка конкуренција.