Утре околу Градскиот Саат во Прилеп ќе се одржи настанот „МЛЕКО 2024: Предизвици во сточарството“

Оваа сабота во Прилеп, околу Градскиот Саат ќе се одржи настанот „МЛЕКО 2024: Предизвици во сточарството“.

Млеката и сирењата се производ на животното кое ги произведува и на човечкото посредување, но пред сѐ тие се производ на едно место кое било под влијание на локалната клима, вегетација, геологија и други фактори.

Во последно време се забележува пораст на фреквенцијата на појава на нови зоонозни заболувања. Се смета дека постојат приближно 1,67 милиони нерегистрирани вируси кај цицачите и птиците, од кои до половина се проценува дека имаат потенцијал да се пренесат кај луѓето. Голем дел од причините се еколошки, како што се климатските промени, ширење на неодржливото земјоделство, експлоатацијата на дивиот свет, и промената на употребата на земјиштето. Други се поврзани со промените во човечкото однесување и општество. Токму ова, ги прави уште поголеми предизвиците со кои секојдневно се носат сточарите, во и без тоа тешката работа, па оттаму и темата на овогодинешното издание.

ПРОГРАМА

10.00-15.00 часот Изложба и пазар на млечни и други производи

11.00 -11.30 часот Отворање на настанот – поздравни говори

  • Тодорка Наумоска-Димески, претседател на Слоу Фуд Прилеп
  • Елена Каровска Гошевска, претставник од Слоу Фуд Македонија
  • Претставник од Општина Прилеп

11.00-13.00 часот Музичка програма со староградска музика „Романса“ и женскиот хор „Орхидеја“

12.00-14.00 часот Детско едукативно катче

  • Работилница 1 – Млечна магија: Боиме бело – со Гоце Бумбароски
  • Работилница 2 – Патот на млекото: истражување на млекото и млечните производи – со Јасна Ѓорѓиевска
  • Изложба на учесниците

13.00-14.00 часот Дегустација со сензорно оценување на сирења

14.30-16.30 часот Конференција „Климатски промени – ризик и предизвик за благосостојбата и здравјето на животните“

  • Проф.д-р. Методија Трајчев, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
  • Елена Каровска Гошевска, дипл.инж.за преработка на анимални производи
  • Дискусија

Настанот се реализира со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, општина Прилеп, Шведската развојна агенција We Effect, како и со придонес на нашите спонзори и поддржувачи: “Горска вода“, пекара „Маја“ и “Мое пазарче“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи