Проектот „Социјалната услуга Помош и нега во домот“ кој го реализираше здруженето Центар за развој и едукација Прилеп, а кој опфаќа нега на над 200 стари и изнемоштени лица од страна на 58 негуватели во општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани сега преминува под државна капа. Досега проектот го финансираше Светска банка, а во момемтов има и голема листа на чекање околу 90-тина лица.
„Целта на проектот е да се обезбеди професионална помош и поддршка од страна на обучени и сертифицирани негуватели се со цел корисниците да се оспособат и да останат да живеат во својот дом и да водат независен живот во заедницата. Исто така можам да кажам дека оваа услуга во моментов носи големи придобивки како за корисниците така и за семејствата на корисниците, исто така и за општеството во целина“, кажа Драгана Јосифоска, координатор на услугата „Помош и нега за стари лица во домот“.
„Јас се надевам дека услугата во иднина ќе продолжи, дека овде не застануваме, дури во соработка повторно со провајдерот имаме надеж дека можеби има потреба за проширување на услугата за поголем број на негуватели за трите општини“, додаде Зоран Малкоски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.
Негувателите на корисниците им даваат разни услуги од типот на чување, одржување лична хигиена, хранење и се она што им е потребно. „
„Навистина треба да си пчодготвен и физички и психички за да одговориш на барањата на лицата. Имаме значи основни и инструментални дејности, во основните дејности спаѓаат да им дадеме терапија, да ги однесеме на лекар, да ги избањаме, да им ги подготвиме нивните јадења, навистина имаме поголем број на обврски“, вели Маргарита Стеваноска Петреска, негувател.
„Тие се задоволни од нашата услуга која што им ја пружаме, но мислам дека е недоволна така што нивните барања се секој негувател да остане што е можно повеќе кај нив, но нашите обврски и бројот на корисници не ни го дозволуваат тоа засега. Се надевам дека ако во иднина се прошири овој проект дека тие корисници ќе можат да добиваат и повеќе часовна грижа“, изјави вели Горан Спиркоски, негувател.
Од Центар за развој и едукација Прилеп најавуваат дека наскоро ќе се прошират овие услуги со формирање на тимови од медицински сестри кои ќе ги посетуваат овие лица.
„Тоа значи дека ќе имаме мобилни тимови со медицински сестри, дека во рамките на проектот со финансиска поддршка од проектот ќе се обезбеди и дополнителна опрема и на лицата би им овозможиле и мединска грижа, воедно физио-терапија, психо-терапија, ќе имаме дополнително вработување на професионален кадар од овој тип“, истакна Марина Тошеска, Центар за развој и едукација Прилеп.
Проектот ќе се имплементира 2 години, а е поддржан од австриското министерство за труд.