На 17.09.2024 во 15.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„5 Прилепска“, малолетничка од Прилеп, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки, изгубила контрола и со мопедот удрила во паркирано патничко возило „лада“ со прилепски регистарски ознаки.
Малолетничката што го управувала мопедот се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината малолетна сопатничка со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.