Студентскиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп меѓу домовите кои ќе бидат реконструирани

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските дома во државата, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на означување на почеток на доградба на основното училишта „Блаже Конески“ во Скопје.

Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата.

„Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри. Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени во реконструкција на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“. Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите“, изјави премиерот.

Во двата студентски дома, како што посочи е почната реконструкцијата, се изведуваат електрични инсталации и тој очекува во следниот период да биде завршена.

Во државата има повеќе студентски домoви во неколку града, Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи