ВИДЕО – 6 години Дневен центар за лица со церебрална парализа Прилеп – огромен напредок кај децата кои го посетуваат


Дневниот центар за лица со церебрална парализа од Прилеп одбележа 6 години од своето постоење. За овие 6 години придобивките за децата се огромни. Во моментов истиот го посетуваат 14 штитеници за кои се грижи тим од стручни лица.

„Родителите се задоволни, а кога родителите и децата се задоволни ние сме уште позадоволни. Со децата доста се работи, имаме дечиња што воопшто не знаеле ни да лазат ниту да одат и сме ги проодиле и започнале и со говор и почнале и со од. Има многу придобивки“, вели Милена Кареска, медицинска сестра во Дневниот центар за лица со церебрална парализа Прилеп.

Во моментов кадарот кој се грижи за децињата е доволен, но недостасува дефектолог кој треба итно да биде примен.

„Сме во недостаток кадар, веднаш и неоидложно треба да примиме дефктолог, на што се работи, 13 се во моментов штитеници на дневниот центар за церебрална парализа, во моментов се припремаат документи за уште еден штитеник и сметаме дека со моменталниов капацитет, ова е доволно“, истакна Зоран Малкоски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

 

„Локалната самоурава по барање на Центарот донираше еден вертикализатор кој што е од потреба на овој Центар и се надеваме дека од година во година локалната самоуправа, а исто така и општествено одговорните компании да помагаат да донираат и навистина овој Центар во иднина да ги заслужи сите потреби“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Дечињата кои го посетуваат Центарот се задоволни од грижата и едукацијата која ја добиваат тука.

 „Јас се викам Виктор Мојсоски, многу ми е убаво тука, се дружиме, играме, пееме“, вели Виктор Мојсоски, штитеник во Центарот.

На ова одбележување го начекавме и пензионираниот наставник по физичко образование Трајче Зулјамоски кој волонтерски им помага на децата со посебни потреби во другиот ваков Дневен центар „Ѕуница“ во Прилеп.

„Два пати неделно држам часови по физичко воспитување. Тие деца не се активни физички, а во Дневниот центар „Ѕуница“ има услови за тоа. Имаше деца кои не  можеа да направат ниту една вежба за стомачни мускули, не можеа да станат од кревет, друго дете не можеше ниту еднаш да клекни и да стани. Не може со тоа да користи тоалет. Е тука јас го гледам сега напредокот на тие деца“, кажа Трајче Зулјамоски, пензиониран наставник по физичко образование.

Едукаторите кои работат тука велат дека децата се еудуцираат и се социјализираат по најсовремени програми. Децата од дома до Центарот и назад се превезуваат со специјално возило. Инаку ова е втор ваков Центар во Македонија после оној во Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи