Прилепчанец прегазил малолетничка, па потоа удрил во паркирано возило со својата „мазда“.
„На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул. „Мице Козар“ со ул. „Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Р. (38) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од Прилеп, а потоа и во паркирано патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Прилеп, соопштија од полицијата во денешниот полициски билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.