Димитриеска Кочоска: Средствата доаѓаат од Унгарија – опозицијата предвидуваше исто толкаво задолжување

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид посочи дека висината на предвидениот заем на средства од Унгарија била иста со предвиденото задолжување од страна на опозицијата.

„Тие 500 милиони евра се истите оние коишто беа планирани во нивниот буџет. Ние тука ништо не зголемивме, истите се идентични. Колку што било предвидено да се зголеми долгот со нивниот иницијален буџет, истото и со нашиот. Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент , вештачки го надувале буквално народски кажано БДП односно стапката на раст. Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024 година. И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока, дека ние го зголемуваме јавниот долг. Ние ништо не менуваме. 500 милиони евра, они имаа предвидено евро обврзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија. Зошто. Затоа што во овој момент, пазарот, европскиот кажува дека каматната стапка која што би ја добиле би била повисока од 5,5 проценти. Овој кредит е со 3,25 проценти“, рече Димитриеска Кочоска.

За забелешките дека наводно се работи за кинески средства, министерката истакна дека средствата во земјата доаѓаат од Унгарија, што нас како држава како што рече, не не интересира.

„Ние средствата ги добиваме од унгарската банка, а тие како се финансираат зошто нам би ни било важно. Мене ми е важно да ги добијам од унгарската банка под мои услови. И за мене тоа е линкот, Македонија со Унгарија. Понатаму не можам знам. Можеби они ќе ни ги дадат од нивниот буџет, а они ќе дополнуваат во нивниот буџет…Интересот на Унгарија е во тоа што добиваат 3,25 процентна каматна стапка од нас.  Тука не гледам апсолутно никаков проблем. Ние добиваме средства од земја членка на ЕУ, и мене тоа  е важно“, рече Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи