Праисторискиот локалитет Врбјанска Чука кај Прилеп, кој потекнува од неолитот младото камено време, односно е стар околу 8.000 години, веќе 9 години продолжува да ги фасцинира научниците и дава сосема нова слика за тоа како функцинирале луѓето во неолитот. Станува збор за неолитско село каде е пронајдена комплексна архитектура на куќите.
„Досега имаме открино можеби 4-5 куќи во поголем дел и сите тие имаат различни печки, различни сандаци за чување и обработка на житото, амбари, и сите се различно организирани, нема ниту една куќа која што има идентичен распоред на овие предмети, затоа што ние досега за неолитот мислевме дека сите живеат слично, исто, имаат идентични организациски форми, но Врбјанска Чука како никогаш до сега потврдува дека секоја фамилија и секоја заедница која живее во ќуќата различно се организирала и прилично инвестирале во изработката на овие елементи од покуќнината“, истакна Д-р Гоце Наумов, Центар за истражување на праисторијата.
Исто така во Врбјанска Чука се произведуваат доста земјоделски производи како житарки. Заедно со локалитетот Влахо кај Битола се едни од најстарите вакви населби во Европа и едни од првите што започнале со организирани земјоделско производство на овој континент.
„Меѓутоа имаме во Пелагонија имаме во висинските делови и друг локалитет тоа е локалитетот Влахо кој е уште постар, тој е околу 400 години постар од останатите што е големо изненадување. И кога ние тоа го откривме тоа пред неколку години и кога го претставуваме на различни предавања и конференции низ светот луѓето се навистина стаписани од таа стара бројка која е многу блиска до некои други локалитети кои се откриени во грчкиот дек на Македонија каде има исто локалитет кои се стари 6.400 или 6.500 години п.н.е. Така што Влахо е еден од неколкуте локалитети, мислам дека се 4 на број, кои имаат толку стари дати за почетокот на неолитот, се едни од најстарите неолитски локалитети во Европа“, додаде Наумов.
Овие локалитети на Пелагонија и даваат едно сосема нова перспектива којја допрва треба да се истражува и да се докаже како точно изгледал животот на овие простори пред повеќе од 8 милениуми.