Како и колку вештачката интелегенција може да помогне за лоцирање на отпадот и заштита на животната средина. Центарот за иновација и развој ИНОС од Прилеп заедно со софтверската компанија Вертекс од овој град изработија софтвер за лоцирање и менаџмент на отпадот со помош на вештачка интелегеција каде како ресурс се користат пред се луѓето кои го сликаат отпадот и потоа тие локации ги внесуваат во системот. По аплаудурањето АИ одлучува дали отпадот е хартија, пластика, органски или друг отпад и како да се постапи.
„Следен чекор е интеграција на оваа апликација во спорт тракинг апликациите, кога одиме на пример на планина, обично се тракираме колку сме испешачиле, колку сме испланинареле, колку сме извозиле, едноставно застануваш до помош на мобилниот телефон ја активираш апликакцијата и го сликаш ѓубрето. Но сепак комуналните претпријатија ќе ги добијат местата каде имаме ѓубре и преку слика. И следен чекор е не само комуналните претпријатија туку и некои активисти кои сакаат да чистат би можеле да го направат тоа. Значи преку апликацијата може да видат каде има одреден тип на ѓубре, да се организираат и да го соберат“, истакна Ѓорѓи Манчески, претседател на Центарот за иновација и развој ИНОС од Прилеп.
Оваа апликација ќе биде прво спроведена во прилепско битолскиот регион, а креаторите се надеваат дека за истата ќе се заинтересира и државата.
„Значи ние сме непрофитна организација нашите услуги би го понудиле радо доколку тоа би било позитивно за заедницата и од страна на едукација и од страна на доставување на софтверот, можеби не целосно бесплатно, но под екстремно поволни услови. Но треба и од другата страна да има фидбек“, додаде Манчески.
Според познавачите на приликите овие нови алатки најдобро може да се пришират кај луѓето преку социјалните медидуми.
„Најдобар начин е ако со овие алатки ја покренеме групата на млади од 20 до 35 години кои имаат најдобри можности за ова, а кои не ги интересира истото или овие информации не стигнуваат до нив“, истакна Александар Видановиќ, здружение за екологија и заштита на животна средина од Пирот, Србија.
„Има многу начини како вештачката интелигенција може да помогне во заштитата на животната средина, да го детектира ѓубрето и автоматски да испраќа информации до организации кои можат да го исчистат. Како истражувач, јас лично работам и на алгоритми за оптимизација сообраќајот во градовите за намалување на загадувањето на воздухот“, рече Павел Гора, невладина организација која поддржува истражувања околу вештачката интелегенција од Полска.
На оваа уникатна работилница во Прилеп беа собрани експерти од сите земји на Западен Балкан за да дискутираат и истражат нови начини на примена на вештачка интелигенција во зачувувањето на животната средина.