Со Решение на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, за претседателка на ОО на СДСМ Прилеп е именувана нашата другарка, Петра Лукароска, напиша на својот ФБ профил, досегашниот претседател на СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.
„Честитајќи и’ на изборот, сакам да ја потенцирам мојата убеденост дека Лукароска е вистинскиот избор за прв човек на нашата Општинска организација која со своето знаење, посветеност и тимска работа ќе ја врати партијата на победничките патеки. Истовремено, на самиот крај на мојот мандат како претседател на ОО на СДСМ Прилеп, ја користам приликата да им се заблагодарам на сите мои соработници, на сите членови на СДСМ за поддршката и соработката. Еднаш СДСМ – секогаш СДСМ!“, додава во својата објава Пачешкоски.
Почитувани социјалдемократи, драги пријатели,
Со Решение на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,…
Posted by Zoran Paceskoski on Четврток, 26 септември 2024