Во склоп на Mobility week, ПрилепНаТочак, Go Green – Биди Зелен и Heinrich-Böll-Stiftung Sarajevo, се организира 82та Критична Маса.
„Со оваа критична маса испраќаме порака дека јавниот простор е за сите а не само за автомобилите. Низ годините посотоење на Прилеп на точак сме испратиле безброј пораки до надлежните институции за промена на праксата при планирањето и реализирањето на инфраструктурата, но промена нема. Се потпиша и меморандум за соработка помеѓу Прилеп на точак и Општина Прилеп но и тоа не вроди плод за промена на оваа пракса. Се надеваме дека во следниот период надлежните институции ќе имаат слух за нашите проблем и ќе завземат став за решавање на истите“, велат од Прилеп на точак.
Настанот започнува денес во 18:00 часот од плоштадот Александрија.