Многу е важна стабилноста на Западен Балкан и интеграција во ЕУ. Зачленувањето е огромна можност. Сите видовме дека со зачленувањето добивме напредување, но ЕУ ја загуби својата динамика и мораме да обезбедиме проширување, рече премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на прес-конференцијата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.
„Не го одминуваме и фактот дека Украина и Молдавија добија вонредно забрзување на патот кон ЕУ. Мораме да ги почитуваме државите кои долго време работат на тоа, сега се ставени во втор план, а тоа не е чесно. Сметаме дека е важно да се одржи зачленување на Западен Балкан во ЕУ и согласно со тоа, би сакале да се забрза процесот на пристапување на Македонија. Подготвени сме да организираме Втора меѓувладина конференција, доколку не, ќе одиме со билатерални прашања“, додаде унгарскиот премиер.
Според Орбан, земјите од Западен Балкан заслужуваат многу повеќе од Брисел – одамна треба да се членки на Унијата.
„Огромна грешка на ЕУ во врска со Македонија која би ја карактеризирал и како историска грешка. Оваа грешка се зголемува, со оглед дека земјата ќе биде позади Албанија на патот кон ЕУ, за што не гледам никакви причини. Ова ќе биде огромен предизвик за оваа Влада“, кажа унгарскиот премиер говорејќи за европските интеграции на нашата држава.