Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Центарот за обука на МВР во Идризово присуствуваше на презентација на најновиот софтвер за менаџмент на воздухопловни операции специјално дизајниран за потребите на хеликоптерските единици во состав на Министерството за внатрешни работи.

Министерот Тошковски истакна дека операциите со хеликоптери се од клучна важност за МВР било да станува збор за спасување, транспорт, гасење пожари, полициски операции или цивилни задачи и заради тоа се наметнува потребата од висок степен на организација, координација и сигурност при изведувањето на мисиите.

„Сложеноста на операциите во хеликоптерските единици бараат постојана адаптација и брза реакција во секој момент. Креиравме софтвер кој ќе ги обедини сите аспекти, интегрирано управување, автоматизација на процесите, со цел подобра координација и поддршка за носење на брзи одлуки. Ја видовме важноста на хеликоптерските единици во справување со пожарите и колку брзата и професионална реакција е важна за обезбедување на безбедноста на граѓаните и од овој аспект. Еден од стратешките планови на новото раководство на МВР, вклучително и Владата е дигитализација на процесите со цел побрзи и подобри услуги за граѓаните, унапредување на процесите во полицијата кои ќе креираат модерна и ефективна полиција која успешно ќе се бори со сите видови криминал и корупција и ќе ја гарантира безбедноста на секој граѓанин и државата“, потенцираше министерот Тошковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи