Прилепчанец му го зел пиштолот на шумски полицаец и пред него ги испукал сите куршуми во воздух


На 26.09.2024 околу 15.30 часот во ОВР Прилеп, Р.М. (52) од Прилеп, вработен во Шумска полиција, пријавил дека, додека со негов колега чекале нарачани сендвичи во угостителски објект во Прилеп, Д.К од Прилеп незабележано му го извадил пиштолот од појасот и надвор од објектот ги испукал сите куршуми во воздух. Според пријавеното, тој веднаш му го земал пиштолот, при што Д.К. му се заканил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи