Правото за туѓа помош и нега од друго лице за 5 години во Општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани е зголемено за околу 70-тина %. Ако во 2018 имало 1.800 корисници, сега таа бројка е 3.120 корисници. Исто така се намалува и старосната граница на лицата кои добиваат ваков вид на помош. Тоа укажува на фактот дека Македонија има се повеќе старо, а од друга страна и болно население.
„Се почести се овие психички заболувања во смисла на деменции, артерио склерози, алцхајмер и други, понатаму следуваат канцерогените заболувања по она што ние го гледаме од известувањата. И во понов период се приметува дека старосната граница на лица под 65 годишна возраст се зголемува посебно во делот на канцерогени заболувања и постоперативни третмани“, истакна Зоран Малкоски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.
Во 2005 година според одредени статитиски во светот имало околу 23,6 милиони заболени од деменции, склерози, алцхајмер и други вакви слично болести, а сега имаме околу 44 милиони. Според некои очекувања е дека истите ќе растат за 4,6 милиони заболени граѓани годишно. Македонија е некаде во средината според статистиките.
„Општина Прилеп се повеќе има лица кои се зафатени од тие болести како што се деменциите, алџхајмер, склерозите на васкуларните системи, мозочните дегенеративни промени и други дегенеративни промени кои спаѓаат во психијатријата и неурологијата. Кај овие лица кои се помлади ваквите состојби се поврзани со некои други параметри, други заболувања кои што се од медицински аскепт и кои главно го зафаќаат менталниот склоп на здравјето и нарушувањата и поради тоа се појавуваат се поголем број на заболувања од оваа област“, рече Јован Велески, специјалист по медицинска психологија.
Комисијата којај ја доделува оваа нега составена од офталмолог, неуропсихијатар и интернист за овие 3 општини се наоѓа во Здравствениот дом во Прилеп, до каде пак документи за добивање на вакови вид на помош треба да достави матичниот лекар на пацинетот и бартелов индеск за проценка на способноста на лицето.