Денешниот 40 дневен помен на Благојче Хаџи Спиркоски – Џерио, навивачите на Победа вечерва го одбележаа со палење на 43 бакли во форма на крст, на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Бројот на баклите го симболизира бројот на годините кога Благојче се претстави пред својот Спасител Господ Исус Христос, во кого премногу веруваше и во последните години од својот земен живот живееше во христијанската вера. Господ да му дарува Царство Небесно.