На 5 и 6 октомври ќе се одржи „Прилеп Фото Фест“

На 5 и 6 октомври 2024 година ќе се одржи настанот „Прилеп Фото Фест“, кој ќе се одвива на две локации во Прилеп и Крушево и ќе понуди разновидни активности за љубителите на фотографијата.

Програма:

5 октомври 2024 (сабота)

Локација: Фоаје НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

  • 18:00 часот – Отворање на две самостојни изложби:
    • Мери Бошкоска: „Црно-бели фрагменти“
    • Димитар Ристески: „Светот одозгора“

Локација: Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп,

  • 19:00 часот – Фото работилница, предавач Александaр Томовски, мајстор на фотографија на НФУМ.
  • 20:00 часот – Проекции на фотографии од автори од Македонија, Кралството Бахреин, Србија и Турција, и

           Групна изложба на уметнички фотографии

  • 20:30 часот – Коктел

6 октомври 2024 (недела)

  • 10:00 часот – Фото сафари во Крушево

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи