Во однос на другите предизвици со автопатите, тоа се Коридорите 8 и 10, без разлика што беа помпезно најавувани скоро и ништо да не се работело, изјави на денешната прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски.
„Има бројни проблеми со експропријација, има пролеми со шумски предели кои се наоѓаат на трасата, има проблеми на делот од Прилеп-Битола со нерасчистени мини и бомби од првата светска војна. Можам да ви кажам, со тоа темпо со кое што претходно работела Армијата, до 2026 година немаше да бидат исчистени бомбите и мините на трасата. Ние тоа го забрзуваме и очекуваме до крај на годината и таа работа да биде завршена. Исто така има бројни проблеми со дислокација на водови и објекти, но во соработка со изведувачите и овие ги решаваме и очекувам првата реална работа да ја видите до крајот на овој месец. Ќе стартуваме со Прилеп – Битола со конкретни активности на терен со изградба на автопат и со Гостивар – Букојчани или популарно Стража.
Да не заборавиме дека Владата само на овој проект заштеди 252 милиони евра, со што ја поништивме одлуката на претходната влада со која што дополнителни 252 милиони евра му беа одобрени за изведувачот за тунел на трасата Гостивар – Букојчани кој што сметам дека е целсно непротребен“, истакна Николски.