Љубителите на театарската уметност во следниот период ќе имаат можност да уживаат во 2 претстави кои ќе бидат на репертоарот на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Во вторник, 08.10. гостува театарот Златен Елец и ќе настапи со претставата „Грета“, со почеток од 20:00 часот.
Претставата „Бура“ во режија на Џон Блондел и во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде на репертоарот во среда, 09.10. од 20:30 часот.
Влезници за двете претстави можат да се резервираат на телефонскиот број 076 442 378.
82