Мицкоски: Направивме премногу остапки со Бугарија, не смееме повеќе да бидеме наивни

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во вчерашното интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ рече дека е апсолутно подобро да се преговара со Бугарија и тука нема дилема.

„Апсолутно е подобро да преговараме со Бугарија, немам дилема. Но, најдобро е да преговараме, а ништо ова кое што претходно го направивме како идентитетска отстапка да не го направевме. Најдобро е така и тогаш ќе беше сѐ нормално и за нас да зависеше само Копенхашките критериуми и исполнувањето на условите кои се содржани во кластерите. Најдобро ќе беше така“, изјави премиерот.

Тој додаде дека имаме проблем сега да влезат Бугарите во Уставот, но немаме проблем да влезат кога ќе бидеме дел од Европската Унија.

Мицкоски нагласи дека Македонија има премногу отстапки направено кон Бугарија години наназад, укажувајќи дека повеќе не смеат да бидат наивни.

„Не смееме повеќе да бидеме наивни. Премногу отстапки направивме овие децении наназад како никој што не направил и ако навистина има желба, тогаш има начин како сето ова да се заврши. Ние не нудиме нешто кое што е надвор од здравиот разум, ние нудиме конструктивен компромис за кој сме подготвени да разговараме“, потенцираше тој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи