На 07.10.2024 во 15.00 часот во ОВР Прилеп, 48 – годишна жена од Прилеп пријавила дека во два наврати во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг, кој употребил и тврд предмет со кој го оштетил нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
64 годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг К.В. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Во ОВР Прилеп, Д.М.(30) од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од Д.А. од с.Мажучиште, прилепско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.