11 Октомври неработен ден за сите граѓани – до крајот на годината следат уште неколку

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 11 октомври 2024 година (петок), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Македонија, односно пред нас повторно следи продолжен викенд.

Следни неработни денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ:

11 октомври (петок), Ден на народното востание,
23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден…

Празниците за граѓаните од православна вероисповед кои се со неработни денови се веќе поминати.

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните припадници на албанската заедница

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи