Преку програмата за помош на ранливи категории, која е поддржана од невладината организација „Летз Кер“ од Луксембург, успешно беа реализирани значајни проекти за донација на медицински помагала во општите болници во Прилеп, Крушево и Македонски Брод. Донацијата беше овозможена благодарение на нашиот сограѓанин Мартин Благојески од Прилеп, кој живее и работи во Келн, Германија, како и на Македонецот Сафет Алили, од Ростуше кој долги години живее и работи во Луксембург.
На Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, како општина со најголем број жители, ѝ беше доделена најголема количина на различни медицински помагала. Според потребите на болницата, донирани се инвалидски колички, ролатори, дизалица за неподвижни пациенти, како и медицински кревети. Оваа донација ќе придонесе за подобрување на условите за третман на пациентите и олеснување на работата на медицинскиот персонал. Општина Крушево, пак, доби ролатори, кои ќе им бидат поделени на сограѓаните со потреба, но без можност да ги обезбедат самостојно овие помагала. Слични медицински помагала се обезбедени и за општината Македонски Брод, со цел да се помогне на локалното население кое има потреба од овие средства. Оваа донација е уште еден доказ за солидарноста и хуманитарната поддршка која македонските граѓани кои живеат и работат во странство ја пружаат на своите родни места“, вели нашиот сограѓанин Мартин Благојески.
Во Многу наврати Хуманитарната организација Летс Каре ја има докажано својата Хуманост помагајќи како Медицински установи така и Поединци и ранливи категории во Македонија.