Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на власт со ветување дека нашата преговарачка позиција ќе ја подобрат. Ние за жал во изминатиов период не гледаме ништо конкретно, никаков обид од нивна страна за да ја подобрат нашата преговарачка позиција. Напротив гледаме само влошување на ситуацијата, истакна денеска во Прилеп, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Влошување на билатерланите односи со Грција, па потоа и со Бугарија и за жал одлука да ние се одвоиме на патот кон ЕУ од Албанија поради тоа што кај нас не гледаат никаков напредок во ЕУ. А при тоа меѓувладината седница која сега ќе ја одржи Албанија ќе се случи на 15-ти за само 2 дена, а иста таква седница ќе имавме и ние да имавме малку поодговорна власт.
Премиерот најавува дека има некоја поддршка од некои земји членки во ЕУ, не од сите, а таму знаеме дека одлуките се носат со консензус дека наводно за нив е прифатливо да има уставни промени со одложено дејство.
Ние упативме отворен апел да има собраниска седница така што проемирот би кажал кои се тие земји кои не поддржуваат во тој негов предлог. Бидејќи Собранието е местото каде се одлучува за такви работи и каде се креираат такви политики.
Очекуваме премиерот да каже кои се тие земји, која е таа поддршка, но истовремено имаме предвид дека двјца луѓе го демантираат премиерот во тие најави. Прво неговиот министер за евроинтеграции Муртезани која кажува дека таква работа е неприфатлива за ЕУ и Евроамнасадорот во ЕУ во нашата земја г-динот Андрохас кој што истото тоа го кажа во изјава тука во Скопје.
И да бидам конкретен очекуваме премиерот да ја обезбеди таа поддршка која се обезбедува со консензус во ЕУ, дека таму ќе прифатат Уставни измени со одложено дејство и кога тој ќе го обезбеди тоа ние апсолутно тоа ќе го поддржиме“, рече Филипче.