ВИДЕО – Социјални станови за 30 ромски семејства од Кичево за подобрување на квалитетот на живот


Локалните власти превземаат одговорност за обезбедување на подобри услови за живот на ромската заедница. Акцијата е развиена со цел да придонесе кон подобрувањето на условите за домување на Ромите кои живеат во населбата „Прилепска“ во Кичево. На 30 ромски семејства им се обезбедени адекватни услови за домувување, со цел да се одговори на правото на живот, слобода и лична безбедност.

„Се што сме печалеле, ќе работиш цела зима и цело лето за еден фрижидер, ќе дојди реката и ќе го однеси. Ламинати, шпорети, машини за перење, тоа сето оди во отпад, го фрламе, секоја година

Благодарни сме на овие станови што ни ги дадовте, затоа што на Прилепска не се живее. Благодариме од сите нас вака што сме, фала ви за убавите станови, за убавиот живот што ќе го живееме на ова место.

„Ќе не спасите од поплавите, спасувате и деца мали кои се поплавуваат, трчаме навечер ги спасуваме, ги тргаме, жени, мажи, ги тргаме сите. Ние сме овде преблагодарни. Становите се убави, немаме друг збор што да кажиме“, велат жители на новите станбени објекти кај местото Ивани Дол во Кичево.

 

„Програмата опфаќа кохерентен и сеопфатен пристап кој претставува комбинација од активности спроведени во неколку фази и тоа најпрво дизајнирање и изградба на становите, понатаму избор на најранливи семејства и нивно вселување во новоизградените домови. Пристапот ги таргетира ромските семејства со ниски примања, бидејќи истите се изложени на најголем ризик, живеат во подстандардни услови, а се со цел да се одговори на правото на живот, слобода и лична безбедност“, истакна Талија Петреска, Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

 

„Јас сакам да им се заблагодарам на ЕУ бидејќи нашата општина успеа да реализира една од програмите каде 30 семејства Роми  добиваат станови за живеење во едно достоинствено место во згради каде што се исполнети сите услови за домување. Сето оваа е направено во партнерство со Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп која вреди да се пофали како реализатор на овој проект“, вели Фатмир Дехари градоначалник на Кичево.

Оваа пилот програма може да се реплицира и во другите општини преку воспоставените јавно-приватни партнерства и поддршка од институциите, вклучувајќи ги и релевантните министерства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи