Стефан Житошански го заврши својот подвиг, поминувајќи со велосипед 900 км. за 5 дена од Крушево до Нова Градишка возејќи во чест на Тоше.
„По пат поминував убаво возев од љубов и со песна. Најинтересните моменти беа кога возев на дождот до Лесковац кога мислев дека дождот ќе ме успори, а тој напротив константно ме забрзуваше. Секој ден објавував видеа на моите профили на социјалните мрежи во текот на возењето и слики од секој крај на етапите. Овие километри до сега ми се најголема извозена дестинација, но верувам понатаму дека ќе има и друга, па и дека овој мој подвиг ќе се претвори во традиција. Најтешките моменти ми беа последниот ден кога возев за Нова Градишка со сериозни болки во коленото. Тој ден мислам дека ќе биде најдолгиот ден во мојот живот. Се соочив со самиот себе. Војував против самиот себе. Возејќи пеев се молев и плачев. Лесно било да ги победиш другите. Но да се победиш самиот, дефинитивно е најтешката борба. А јас успеав победувајќи се да не се откажам и да ја остварам мојата цел во чест на Тоше“, вели во изјава за порталот Инфо Компас Стефан Житошански.