Здружението Центар заразвој и едукација Прилеп започнува со реализација на новиот проект ТРАНСАКТ: Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности кој што е поддржано од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи. Наш соговорник со кого ќе поразговараме околу овој проект е МаринаТошеска од Центар за развој и едукација.
Преку овој проект за прв пат во Македонија и во регионот ќе се пилотира услугата – МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ВО ЗАЕДНИЦАТА, со цел и кај нас да се применат европските практики за осигурување на здравствена и социјална заштита на граѓаните кои се од социјален ризик, особено во руралните средини. Тим од 10 медицински сестри и 5 социјални работници и психолози ќе ги посетуваат овие семејства давајќи им бесплатни здравствени услуги.
Како ќе се реализира целиот овој проект, кога точно ќе започне, кои општини освен Прилеп ќе бидат опфатени и како граѓаните ќе може да бидат дел од него погледнете го видеото.