Денес во училишниот двор на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп се одржа Есенски панаѓур за здрава храна, на кој учествуваа ученици од сите одделенија, од 1 до 9 одделение.
Настанот беше организиран со цел да се подигне свеста кај учениците за значењето на здравата исхрана и придобивките од консумирање на природни и хранливи намирници.
Сите одделенија беа активно вклучени во организирањето и претставувањето на различни штандови.
Учениците заедно со своите родители подготвија разновидни видови на здрава храна, како овошје, зеленчук, житни продукти, јаткасти плодови и домашни производи, како природни џемови и печива од интегрално брашно.