Советот донесе одлука за отпочнување со работа на новата градинка во Точила која ќе се вика „Бајка“


На дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Прилеп беше донесена одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година. Советниците исто така дадоа согласност за предлог-одлуката за прифаќање на донација од Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од с. Алинци, Прилеп, која што се состои од реконструкција на спортски игралишта и детски паркови на територијата на општина Прилеп.

„Во рамките на денешната седница беа усвоени и предлог-одлуките за давање согласност за програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ ,,Блаже Конески’’-Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение, на ООУ ,,Рампо Левката’’-Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение, а беше усвоен и извештајот за работа на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп за 2023/2024 година, како и годишна програма за работа на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’–Прилеп за 2024/2025 година. Воедно советниците дадоа согласност и за предлог – измените и дополнување на решение за именување членови на Советот кои присуствуваат при склучување на бракови во Прилеп, МК Плетвар, МК Тројаци и МК Старо Лагово. Советот на Општина Прилеп денес донесе одлука за отпочнување со работа и вршење на дејност на новиот објект во Прилеп, во состав на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп односно донесе одлука за давање на трајно користење, одржување и управување на објектот ,,Бајка“ на општинската установа детски градинки ,,Наша Иднина” Прилеп“, истакнуваат од Општина Прилеп.

 

 

 

Советниците ја изгласаа и одлуката да 25 деца Роми, на возраст од три до шест години, бидат ослободени од партиципација за користење на услугите на ЈОУДГ “Наша иднина“ – Прилеп, од 2024 до 2025 година, како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во ЈОУДГ „Наша иднина“- Прилеп“. Исто така во една од дополнителните точки советниците изгласаа и предлог- одлука за доделување на хуманитарна помош на малиот Никодим од Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи