Иако помпезно се најавуваа 250 милиони евра поддршка за општините од страна на власта, гледаме дека се доделени само 65 милиони евра, изјави на денешната прес конференција Миле Талевски, пратеник од СДСМ.
„Значи ниту најавените 250 милиони евра поддршка на општините ќе се реализира, ниту пак 100 милиони за до крај на оваа година.
Се покажа дека ова е уште една лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, уште едно разочарување и неисполнето ветување“, рече Талевски.