На 21.10.2024 во атар на с. Белушино, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Х.И.(57) од с. Борино, крушевско и А.И.(46) од с. Житоше, крушевско. Тие биле затекнати како со трактори без регистарски ознаки превезуваат огревно дрво без документација. Од нив биле одземени два трактори, две приколки натоварени со огревни дрва и моторни пили. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.