Николоски: Тешко ќе оди изградбата на патот Прилеп – Битола оти има многу неексплодирани гранати од Првата светска војна

„Неексплодирани средства има на патот Прилеп – Битола и на постојната и на новата траса, и затоа тоа малку тешко ќе оди“, рече министерот Александар Николоски во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој рече дека ако се деминираат тие гранати, за 2-3 години може да се очекува Прилеп и Битола да бидат поврзани со автопат.

„Има проблем со деминирање. Таа траса поминува низ линијата на фронтот во Првата светска војна, и затоа потребно е да се деминираат сите тие. Не се малку и сериозна е работата, и ако тоа се заврши на време, тогаш за 2-3 години очекувам да имаме автопат Прилеп – Битола“, рече Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи