Со 668 евра, Македонија е со најниска просечна плата во регионот

Facebook
Twitter
Email
Print

Според последните податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето плата изнесува околу 41.000 денари, што ја поставува земјата на дното во споредба со соседните држави како Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција.

Во последните 10 години, просечната плата во Македонија пораснала за околу 94%. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2014 година била 21.217 денари, додека во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра. Но и покрај тоа Македонија и понатаму останува на дното во Европа според висината на просечната плата. Работниците во Србија заработуваат во просек 836 евра месечно, во Босна и Херцеговина 710, во Црна Гора 861 евро, во Хрватска 1.324 евра и во Словенија 1.495 евра.

Оваа состојба ја отежнува финансиската стабилност на многу домаќинства и го поттикнува трендот на иселување на младите и квалификуваните кадри.

Ниската продуктивност и стапката на невработеност остануваат ограничувачки фактори за раст на платите. Сепак, работодавачите сè повеќе сфаќаат дека е тешко да се најдат и задржат добри и квалификувани работници, што би можело да доведе до натамошно зголемување на платите со намалување на невработеноста.

Според економските експерти има неколку чекори кои што можат да се направат за повисок раст на просечните плати, како зголемување на продуктивноста преку модернизација на производството, реформи во образовниот систем за подобро задоволување на барањата на пазарот на труд, но и намалување на даночниот притисок врз малите и средните претпријатија кои се главни двигатели на економскиот раст.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи