По повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3 Ноември, ќе се организира ноќна трка на 5 километри низ Прилеп која ќе биде од хуманитарен карактер.
„На 2 ноември, сабота, во 19:00 часот, ве повикуваме да учествувате на овој настан, трчајќи и забавувајќи се да собереме што повеќе средства и да му помогнеме на малиот Никодим. Котизацијата за трката ќе биде 200 денари! За трката можете да се пријавите на следниот линк:
https://forms.gle/QuDiV9ffTh3yxbRL9
Два часа пред трката, односно од 17:00 до 19:00 часот пред Камената бина ќе има кутија каде ќе може да донирате и со самата донација да го подигнете вашиот стартен број! Трчаме 5-ка за Никодим!“, истакнуваат организаторите на „ЧЕ ТРЧАМЕ“.