ВИДЕО – 17 Костенијада во М. Брод – 2 дена забава и богата програма, како и можност да се вкусат најдобрите костени кај нас


По 17 пат во Македонски Брод се одржа манифестацијата Костенијада која што траеше два дена. Во петокот вечерта за сите присутни имаше музичка програма каде настапија 3 бендови, а како ѕвезда на вечерта беше Ламбе Алабакоски. Освен во убавата музика посетителите имаа можнст да уживаат во печените и варени костени, како и вареното вино.
Костенијадата традиционално се отвори со изложбата „Златен костен“ во Домот за култура во овој град, каде своите ракотворби од костени ги изложија учениците од градинката, средното и основното училиште од овој Македонски Брод.

„Традиционално учениците од основното училиште, од детската градинка и од гимназијата во Македонски Брод изработуваат изработки од костен, кои се денес овде изложени. Добивме голем број на изработки, сите се прекрасни, а имаме и наградени кои ќе добијат соодветни награди. Сакам да напоменам дека во склоп на изложбата имавме и работилница која ја одржуваше професорот Гоце Милески, децата сликаа на плочи и тие цртежи се исто тука прикажани. Голема благодарност и до нив, имаат исто така прекрасни изработки. Детската градинка секоја година традиционално се уклучува, најмладите учесници, највредни“, истакна Даница Ацкоска, в.д. директор на Дом за култура Македонско Брод.

Костенот е најпознатиот бренд на Општина Македонски Брод и на целото Поречие. Во просек тука се произведуваат по околу 300 тони на костени годишно, што претставува дополнителен приход за голем број семејства. Од Општината велат дека сепак потеницијалите за развој на оваа економска гранка се многу поголеми. Велат дека во иднина ќе побараат од државата помош при заштита на костеновите шуми, како и изградба на пристапни патишта до за нив за да може костените да бидат транспортирани со возила од планината.

Токму тоа ни е предизвикот, нашиот поречки костен да излезе надвор од границите на Република Македонија и секако се соочуваме со уште многу предизвици. Пред нас претстои предизвик како да ги заштитиме костеновите шуми, пред претстои предизвик како да обезбедиме пристапни патишта до костеновите шуми, затоа што околу 50% од костенот се собира, а останатите костенови шуми се недостапни. Во некое минато време се собирале со добиток, каде можел да се симне костенот, а сега веќе тоа го немаме и на некој начин остануваат неексплоатирани тие костенови стебла. Со тие пристапни патишта не само што би ги експлоатирале тие костенови шуми во моментот што не можат да се експлоатираат, туку би добиле и заштита и од пожари“, истакна Жарко Ристески, градоначалник на М. Брод.

Манифестацијата по изложбата продолжи со дефиле до центарот на градот каде се одржа богата програма на која учествуваа повеќе културно уметнички друштва од Македонија. На изложените штандови граѓаните имаа можност да вкусат од костените кои се едни од најбараните во Македонија. Но и собирачите на костени велат дека потребна е интеревенција на државата за поголем развој на оваа гранка.

Убав и квалитетен костен, најмногу го купуваат во Прилеп, прилепчаните најмногу го купуваат и вака нешто се троши кога имаме Костенијада. За поголемо производство на костенот би требало да има само луѓе што сакаат да работат, друго ништо не треба, имаме убава природа, чиста, но е многу  заостанато, нема млад човек што сака да работи.

 Костен има низ шумите?

 Костен има.

 Исплатлив е?

 Да, исплатлив е“, рече еден од продавачите на костени.

 

Каде го пласирате?

Па претежно го продаваме во Скопје, килограм по килограм со достава, така да имаме пласман.

Се бара?

Да, доста се бара, квалитетот секогаш потрошувачите знаат да го препознаат и се троши костенот.

Ако има повеќе и повеќе ќе се продаде?

Да, се троши.

Значи секогаш има недостиг?

Да, има недостиг на костенот.

Како да се подобри производството на костенот да имаме повеќе?

Како прво треба народот да остане тука, а не да мигрира во Скопје или во другите поголеми градови. Ако има повеќе народ, ќе има повеќе и собирачи, ќе има и повеќе костен.

Моментално има костени низ шумите?

Да има многу костен, само што има недостиг на берачи“, вели друг продавач на костени.

 

Продавате килограм по килограм, или на големо?

На големо даваме, вака некогаш на тезга го даваме килограм по килограм.

Исплатливо е?

Исплатливо е, но многу е мачно за собирање.

Дали има недостиг од костени?

Па има некогаш.

Има ли костен што не се бери поради мал број на луѓе низ шумите?


Има, но нема ни пристапни патишта, немаме патишта до костените, далеку се а за носење треба на рамо да ги носиш“, додаде друг продавач на костени.

 

Има ли пристапни патишта до костените моментално?

Во моето село од каде што доаѓам нема пристапни патишта. Пристапни патишта само по козји патеки.

Ако би се изградиле такви патишта би се собирал повеќе костен?

Ако има пристапни патишта повеќе би се собирало костени, да“, вели друг продавач на костени.

За в година се планира уште поголема популаризација на костенот како плод од овој крај кој што има значителен импакт врз економијата на поречани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи