Вкупно 327 бугарски државјани на 5 локации низ Македонија гласале на седмите последователни предвремени парламентарни избори во Бугарија, што е најмала излезност во споредба со оние што гласале на изборите во последните три години. До крајот на изборниот ден, 158 лица гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на гласачкото место во Прилеп, 51 во Охрид и 38 во Струмица.
ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов доби најмногу гласови ( 109 ) од бугарските граѓани кои гласаа кај нас.
Десничарската партија ГЕРБ, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов воедно е и победник на овие предвремените парламентарни избори во Бугарија, освојувајќи 26 % од гласовите.
48