Во чест на празникот 3 Ноември – Денот на ослободување на Прилеп, Ротари клуб Прилеп организира традиционален уметнички хепенинг. На овогодинешната манифестација учество ќе земат млади талентирани уметници од средните училишта, нивните професори, како и членови на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Манифестацијата ќе се одржи пред споменикот на Итар Пејо во Старата прилепска чаршија на 02 ноември 2024 година, со почеток од 11 часот.
Учесниците на хепенингот ќе можат да творат во техника акрил на слободна тема. Сите потребни материјали за работа ги обезбедува организаторот, а делата остануваат во сопственост на РК Прилеп и ќе се користат за изложби и аукции за хуманитарни цели.
Од страна на стручната комисија оценувани ќе бидат само делата од учениците. Најуспешните три ќе бидат наградени со пригодни награди.