ВИДЕО: Интервју Борче Јовчески – што се реализираше за овие 3 години и што да очекува Прилеп во иднина



Интервју со градоначалникот Борче Јовчески. Колку успеа да реализира од тоа што го ветуваше за 3 години, зошто Прилеп наместо за 4 доби пари за 3 проекти од Владата и кога истите ќе се реализираат, колкав е во моментов долгот на општината и дали има кривични пријави за затекнатиот долг од 5 милиони евра, кога ќе биде отворена новата градинка и што е во моментов пречка истата веднаш да стартува со работа, дали ќе се гради уште една градинка.

Зошто се доцни со катните гаражи, кога ќе се реконструира старата чаршија, во каква кондиција се јавните претпријатија и зошто истите со години се во загуби, дали во иднина општината сама ќе врши превоз на ученици со сопствени автобуси и сама ќе го прави зимско одржување на улиците и одржувањето на јавното осветлување, дали ќе има нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп, кои компании се заинтересирани и од каде.

Што се случува со фабриката за селекција на отпад и дали ќе има ново покачување на сметките за Комуналец, кога ќе се гради обиколницата од рудниците за мермер до Плетвар, зошто Трескавец се уште нема Водоводот и кога истиот ќе биде пуштен, дали Прилеп ќе го врати повторно стариот сјај на фестивалски центар, кога во Прилеп ќе се отворат сала Македонија и Универзална сала Прилеп,  на овие и многу други прашања поразговараме со Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи