Јас разбирам дека раководството на ДУИ не сака да биде во опозиција, исплашени дека конечно ја чувствуваат и тие одлучноста на Владата за борба против криминалот и корупцијата. Знаат се што имаат правено во изминатите 20 години, свесни се и знаат дека полека но сигурно доаѓа денот кога ќе треба да бидат одговорни, истакна денеска во Прилеп, премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став околу тоа дека Али Ахмети прифати да има предвремени парламентарни избори идната година заедно со локалните, откако премиерот оваа покана му ја упати во Собранието на Венко Филипче, а СДСМ ја одби.
„Свесни се и знаат дека полека но сигурно доаѓа денот кога ќе треба да бидат одговорни. Затоа, како резултат на тој страв, тие би рекол непринципиелно се храбрат и мислат дека на тој начин ќе магнетизираат повеќе гласачи. Оваа Влада има четиригодишен мандат, а повеќе од 600 илјади граѓани пред речиси шест месеци застана позади оваа Влада и коалиција. Наш приоритет е да го испорачаме тоа што граѓаните го очекуваат од нас. а тоа е борбата против криминалот и корупцијата, реформите, напорна работа, проекти… Тоа е она кое ние го ветивме и тоа е она што во овие четири години планираме да го испорачаме. ДУИ сега нека се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме“, рече премиерот Мицкоски.