Маријана Ѓорѓиевска стана првата прилепчанка која се искачи на врвот „Исланд Пик“, во Непал, на Хималаите кој што е висок 6.189 мнв. Во кратката изјава за Инфо Компас Ѓорѓиевска вели дека е остварен еден нејзин голем сон.
„Добра сум, се чувствуваме одлично, времето не служеше во текот на целата експедиција, исто така и во текот на самото искачување. На 6.189 мнв имате неопислив и прекрасен видик, навистина интересна планина со уникатен релјеф. Ова за мене значи остварување на уште еден сон, секој кој се занимава со планинарење сака да оди на Хималаите“, истакна Ѓорѓиевска.