По повод Денот на ослободувањето на Прилеп и 80 годишнината од слободата на овој град, во просториите на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп, ученици-учесници на наградниот конкурс за есеј на значајни настани и истакнати личности од македонската историја, на теми поврзани со личности и настани од НОБ и антифашистичката револуција, ги читаа и презентираа своите дела за кои ќе беа и наградени. Младите покажаа дека се горди на своето минато и дека во себе го носат револуционерниот ген на Градот Херој.