На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, беа доделени третоноемвриските награди, кои секоја година се доделуваат по повод Денот на ослободувањето на Прилеп од фашистичкиот окупатор. Годинава се навршуваат 80 години слободен Прилеп. Седницата ја отвори претседателот на Советот, Ирена Стерјоска Локвенец, која ги додели наградите заедно со градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, Игор Николоски.
„Оддаваме почит на хероите, за нивната жртва, за тоа што ги дадоа своите животи за слободна и самостојна Македонија и за ослободувањето на нашиот град од фашистичкиот окупатор. 80 години подоцна, стоиме тука со една прекрасно воспоставена традиција на овој голем ден за Прилеп и прилепчани со тоа што оддаваме признание на граѓаните чии индивидуални и колективни достигнувања придонесле за подобрување на животот во нашиот град“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Годинава Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ се додели на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски, господин Петар, за големата ревност за верата и бранењето на националните интереси на Македонија и православните граѓани како и на Жарко Башески, македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп.
„Управуваме со оваа епархија и австралиско новозеландсаката епархија, в година веќе ќе бидат 30 години и 6-7 години со црковните општини кои сега се епархија во Европа. Се трудевме но со Божја помош се успеа, се што е направено е од верниот народ, од свештенството, монасите, ѓаконството, црковските одбпори по црквите и настојателите по манастирите. И таа грижа за градбите на цркните и манастирите, грижата за пастирската дејност на свештеницитените и монасите и монахињите кои живеат по манастирите на дело се покажува со тоа што имаме во нашата епархија околу 60 парохии, до денес се изградени за време на нашето архипaрсиствување се изградени повеќе од 150 цркви и манастири во оваа Епархија, во Австралија околу 16 цркви и манастири и исто така во Европа 2 цркви и манастири и исто така 4 црковни општини кои се формирани во текот на нашето управување, претежно во Германија, а во Австралија се новоосновани 13 црковни општини“, истакна Господин Петар, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски.
„Јас откако сум свесен за себе имам стално некаков порив нешто да направам, да нацртам, да насликам, и сега во последно време и да измоделирам. На мои 26 години се запишав на ликовна академија. Што значи нешто се случува кај секој човек, кај некој порано, кај некој покасно доаѓа до некои свое внатрешно лично созревање. Јас до моја 30 година сум живеел во Прилеп, иако до тогаш бев студент во Скопје. И си го чувствувам Прилеп како свој град и нема никогаш да биди поинаку“, кажа Жарко Башески, македонски скулптор, професор, уметник.
Награди – плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделија на истакнати поединци и компании кои придонесле за афирмација на Прилеп.
Тука беше и „Прилепска пиварница“ која годинава одблежа 100 години постоење.
„Оваа награда претставува една валоризација на целиот труд, знаење, умеење и на целата посветеност на плејада генерации кои поминале низ компанијата во сите овие 100 години, од самите основачи фамилијата Грдановци и Домлевци, преку мајсторите за пиво од тоа време дојдени од Унгарија. Мајсторот Шаги и компанијата кои живееле во Прилеп. Па потоа преку првите дипломирани инжинери, технолози, на чело со мојот татко Кирил Самарџиоски и плејада економисти, електроинжиери и машински инжинери кои Пиварницата од една фабрика која била со рачно производство или полуавтоматско производство ја издигнале во компанија со едно модерно автоматизирано производство на пиво. Па се до денешните генерации кои се обучени да работат со една ултра модерна опрема“, кажа Сашо Самарџиоски, директор на „Прилепска пиварница“.
Плакета доби и Основно општинско училиште „Климент Охридски“ Прилеп за постигнати успеси во воспитно-образовниот процес и реализирани проекти.
„Нашето училиште е место каде учењето не се завршува само во училницата, тука развиваме пријателства, соништата ги претвораме во реалност и учиме како да бидиме подобри луѓе. Ние сме училиуште кое ја вреднува различноста, креативноста и иновациите, секој родител, ученик и наставник придонесува за нашата успешна атмосфера“, рече Ахил Јаков директор на ООУ „Климент Охридски“.
Со ваква награда се закити и Друштво за производство, трговија и услуги „ВИК Македонија“ ДООЕЛ с. Алиници, Прилеп, како општествено одговорна компанија.
„Драги граѓани на Прилеп моето име е Јан и јас сумм одговорен за сите фабрики на WIK низ целиот свет. Една нашите фабрики на WIK е во Прилеп. Ова е многу важна фабрикка за нас и многу важен елемент за напиот иден раст индустријата во кјоја работиме. Нашата компанија е семејна компанија и една клучни цели не е само да имаме силен бизнис туку и да бидеме силно вклучени во заедницата“, истакнаа од компанијата WIK.
Ликовна колонија „Дрен“, за повеќегодишно меѓународно уметничко творештво.
„Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп веќе 16 години ја реализира ликовната колонија Дрен со поддршка на Министерството за култура. Приказната за колонијата Дрен започна во 2008 година кога тогашното раковоство на Центарот одлучи да ја формира Колонијата која повеќе од 10-тина години се организираше во манастирот Свети Илија во селото Дрен. Но условите се сменија и колонијата сега се организира тука во Центарот за култура каде ги имаме сите услови“, рече Марија Попова Јованоска, директорка на Центар за култура Прилеп.
Компанијата Матадор“ за успешна и општествено одговорна компанија.
„Од една мала компанија, домашна фамилијарна фирма, прераснува во фирма со повеќе вработени, низ текот на годините се развиваше и заедно со нив растевме и се развиваме и ние како личности, несебично се трудиме да помогнеме во сите сфери о д општественото живеење започнувајќи пред се ставајќи акцент на ранливиците категории, на најмалите и децата, но и во сите сегменти од општествениот живот како спортот, науката, духовниот развој. Најголем поттик од сатисфакација е кога помагаме како компанија е фидбекот кој го гледаме од страна на тие на кои им помагаме, значи една насмевка на децата, едно благодарам“, рече Игор Стеванов, сопственик на Матадор.
„Научниот институт за тутун“, за научноистражувачка, образовна, апликативна, производна и издавачка дејност.
„Во едно вековмното постоење Институтот бележи перманентен развој како во научно истражувачката, така и во едукативната, образовната, производната и апликатривната дејност. Уште во 1924 година со одлука на тогашното Кралство на СХС нила формирана опитна станица единствена експериметнтална станица за тутун, која што е лоцирана токму во Прилеп. Во 1936 година оваа експериментална станица прераснува во научен институт. Визијата била единствена да се создаде институцијха која ќе биде водечки центар на научните истражувања од областа на тутунот и ќе дава придонес кон иновации во оваа област“, кажа Валентина Пеливаноска, директорка на Научниот институт за тутун.
Награда – плакета добија и „Мариовско-мегленски средби“, за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот.
„Негувајќи го поетското творештво, фолклорот и научно истражувачката и издавачка дејност на здружението. Негувањето на материјалното и нематеријалното богатсво на овие два региони е битен фактор за негување на се она што било во минатото и треба да се продолжи“, вели Стојан Ѓуровски, од здружението „Мариовско-мегленски средби“.
Иста ваква награда доби и Фудбалски клуб „Братство“ од Големо Коњари, за постигнати резултати и придонес во спортот.
„4 години откако сме ние дојдени како Управа со 10 члена, недела ни е како празник, кога ќе има натпревар тоа ни е празник на цело село од Големо Коњари. Фанатици сме во фубалот, го сакаме фудбалот и секогаш сме пред сите. Има повеќе таленти кои излегле од тука во прва лига, како Гоце Седлоски, репрезентативец, Рајатоски, Јошески“, велат од ФБ Братство.
Центар за развој и едукација Прилеп, за успешна реализација на услугата „Помош и нега во домот“.
„Здружението Центар за развој и едукација Прилеп веќе една година е лиценциран давател на услугата „Помош и нега во домот“ со опфатени околу 58 негуватели и над 200 корисници кои секојдневно ја добиваат потребната грижа, помош и поддршка од нашето Здружение за да можат независно да живеат. На овој начин Здружението во соработка со општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени дава придонес за добиавње на квалитен живот на лицата од трето доба“, кажа Марина Тошеска, Центар за развој и едукација Прилеп.
Со награда Плакета се закити и Австралиско-македонско друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј, за негување на традициите и донации за најмладите во спортот.
„Прилепското друштво постои околу 40 години на овие простории е стожер на Македонците и прилепчани кои живет овде во Сиднеј. Од 2020 година работиме со нов состав и си имаме зацртано за цел колку што можеме да помогнеме хуманитарно во нашиот град Прилеп и на овие простори во Австралија“; рекоа од Австралиско-македонско друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј.
Награди дипломи по повод 3 Ноември им се доделија на:
Марјан Јованоски, солист, првенец во Македонска опера и балет.
„Гостував на многу концерти кои се одржуваат во самата Академија и надвор од неа. Операта „Дон Џовани“ од Моцарт каде што ја исполнував улогата на Мазето беше во МОБ во 2001 годинам, прв пат на голема сцена, сум одиграл над 25 главни баритонски улоги“, кажа Марјан Јованоски, солист, првенец во Македонска опера и балет.
Јован Аврамоски, за пожртвуваност и посветеност во областа на заштитата и спасувањето.
„Со оваа проблематика се занимавам 36 години, прво како командир на ТППЕ Прилеп, па инспектор во МВР, па сега инспектор во ДЗС. Помагаме да имаме помалку материјални штети, да нема човечки загуби, а сето за добробитр на општеството“, рече Јован Аврамоски, испектор во ДЗС.
Награда диплома доби и проереј Љупле Петрески, за придонес во општествениот, културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп.
„Се водевме од идејата дека со овие настани можеме да ги негуваме духовноста и традицијата, зближувајќи го народот и патем да собериме и средства за доизградба на ова наше духовно светилиште и затоа сите настани имаа хуманитарен карактер“, рече протоереј Љупле Петрески.
Трајче Зуљамоски, педагог, спортист, волонтер и хуманист.
„Кога станав пензионер располагам со доста слободно време и ми дојде идеја да се вклучам волонтерски да помагам. Се вклучив тука во Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ каде ја водам наставата по физичко воспитување на овие штитеници“, вели Трајче Зуљамоски, педагог, спортист, волонтер и хуманист.
Диплома доби и Ивана Атанасоска, учесник на Светска олимпијада по геонаука.
„Ова е за прв пат во нашиот град некој ученик да појди на Олимпијада по географија и да освои вакво место. Едниот медал во индивидуален тест, а вториот бронзен медал во категорија групно истражување“, менторот на Ивана Атанасоска.
„Не значи дека би се насочила на геонауки но претставува поттик за понатаму да продолжам да се трудам да имам уште поголеми успеси, па можеби да се пронајдам во некоја друга област“, рече Ивана Атанасоска.
Билјана Тинтоска за успех во воспитно-образовната дејност и книжевна дејност.
„Во воспитно образовната дејност сум од 1998 година, да се родам уште еднаш повторно би ја одбрала оваа професија. Учениците и работата се моја голема љубов и дел од мојот живот. Книжевната дејност се изроди од мојата професија. Големо значење за мене има оваа награда затоа што се совпаѓа со 25 роденден на драмската секција која јас ја основав“, истакна Билјана Тинтоска, професорка.
Елена Ртоска, за особен придонес во развивање на екстремните спортови.
„Со планинско трчање се занимавам од 2017 година. Скај ранинг е екстремна форма на планинско трчање каде што највисоката точка каде што се искачува е над 2.000 мнв. Како најголеми успеси би ги издвила светски, европските и балканските првенства“, кажа Елена Ртоска, планиски тркач.
И Никола Павлески, младински првак во шах.
„Имам постигнато повеќе награди, имам рејтинг 1955 на стандард, имам појдено во Србија за турнир за забрзан шах и освоено прво место. Имам учествувано и на повеќе други турнири и натпревари“; кажа Никола Павлески, младински првак во шах.
Годинава мотото на празникот е 80 години со љубов за Прилеп.