Прилеп го одбележува 3 Ноември, Денот на ослободувањето на градот – 80 години слободен Прилеп


Со гордост и почит, Прилеп денес го одбележува 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор, кој годинава слави 80 години од ослободувањето.

Во чест на паднатите борци од Народноослободителната борба (НОБ), претставници од Локалната самоуправа, предводени од градоначалникот Борче Јовчески, претставници на Советот на Општина Прилеп, предводени од претседателот Ирена Стерјовска Локвенец, пратениците од Прилеп во Собранието на Република Македонија, претставници од Армијата на Република Македонија, политичките партии, Сојузот на борци од Прилеп и граѓански здруженија, положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто, споменикот на Кузман Јосифоски – Питу, Могилата на непобедените и на споменикот кај Песјобрдце.

„И денес се сеќаваме на жртвите од последните денови пред ослободувањето на нашиот Прилеп. Овие херои со својата храброст и самопожртвуваност ја испишаа историјата на слободата и независноста. Вечно ќе ги помниме и ќе им ја пренесуваме нивната идеја и визија на идните генерации, за да го почитуваат 3-ти Ноември и сите што ги положија своите животи за слободата на нашиот град,“ истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Празнувањето ќе продолжи вечерва во 19:00 часот со свечената седница на Советот на Општина Прилеп во Домот на културата „Марко Цепенков“, каде ќе бидат доделени традиционалните награди „3-ти Ноември“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи