ВИДЕО – ООУ „Кочо Рацин“ по повод „3 Ноември“ организираше изложба со цртежи на ученици поврзани со Прилеп


Основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп по повод Денот на ослободувањето на градот „3 Ноември“ организираше изложба со мотиви поврзани со Прилеп насловена како годинешното мото на овој ден  „80 години со љубов за Прилеп“. На изложбата учествуваа учениците од сите основни училишта од градот. Младите велат дека се горди на своето минато, на хероите и на својот град.

Учествував во овој настан со цртање „Со љубов за Прилеп“, ја нацртав Ајфеловата кула, Маркови Кули и Могилата на Непобедените. Јас сум многу горда на мојот град и секогаш треба да го почитувате својот град“, кажа Илина Данилова, ученик во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп.

 

Учам во основното училиште „Кочо Рацин“ и јас го нацртав Саатот.

Тој е највпелатливиот знак за Прилеп?

Да. Инаку 3 Ноември го славиме за ослободувањето на градот Прилеп и јас сум горда што сум во овој град“, рече Ивана Лашкоска, ученик во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп.

 

Јас сакав да дојдам да ја видам изложбата, затоа што има многу убави цртежи што ги имаат нацртано учениците од „Кочо Рацин“, кажа една посетителка на изложбата од Скопје.

 

Јас ги нацртав спомениците што се на Могилата на Непобедените, бидејќи тие ги означуваат хероите кои загинале за слободата на нашата земја.

Колку често одиш на Могилата, колку ја посетуваш?

Ја посетувам многу често, секој ден.

Колку младите го почитуваат своето минато, колку се горди на својата држава денес?

Па ние младите сме горди на нашата држава, нашето минато и нашата историја, но треба уште повеќе, како што хероите се бореле за нашето ослободување“, вели Елена Трајкоска, ученик во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп.

 

Од ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп велат дека целата идеја околу оваа изложба била да се разбуди патриотизмот кај децата и да се збогати нивното знаење околу историјата на Прилеп и народните херои од НОБ.

„Годинава „Кочо Рацин“ е организатор на оваа изложба „Со љубов за Прилеп“, малку да го поттикниме патриотизмот на децава, да го знаат своето минато, што е многу важно, затоа што многу борци го дале животот за овој град. Прилеп е Град херој со најмногу дадени животи“, изјави Јулјана Тренкоска, директорка на ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп.

 

Идејата потекна од колеги и од директорката во ООУ „Кочо Рацин“, се одлучи да организираме ликовен конкурс по повод 3 Ноември, на тема „Со љубов за Прилеп“, конкурс на кој беа поканети сите основни училишта од градот Прилеп. Имаше голем број на дела, на детски цртежи, ова се селектирани дела кои се доволно за да може да се опфати онаа идеја што ја имавме. Се гледа дека децата  си го сакаат Прилеп, се гледа дека вложиле труд, дека ја развиле својата фантазија, дека ја прошириле, заинтересираноста беше голема, така да мислам дека ова е една успешна изложба која треба и понатаму во други прилики ваков вид на конкурси да се организираат во Прилеп“, додаде Тони Чатлески, наставник по ликовна уметност од ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп.

Беше потенцирано дека вакво вид на изложби во иднина ќе се организираат и за други наши празници и позначајни денови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи